Пролетна сесија на ПССЕ во Стразбур

 

Во Стразбур започна со работа вториот дел или така наречената „пролетна сесија“ на Парламентарното Собрание на Советот на Европа

ПССЕ при самиот почеток од работата одлучи да одржи ургентна дебата за ситуацијата со сириските бегалци во Турција, Јордан, Либан и Ирак, и како за организирањето на меѓународната помош. Во тој контекст в четврток пред ПССЕ ќе зборува и претседателот на Pарламентот на Јордан.

Меѓу поважните дебати на пролетната сесија е постмониторинг дијалогот со Турција, насилството наспроти религиозните заедници, борбата ротив сексуалниот туризам во кој се вмешани деца, дискриминацијата на децата Роми, ризиците и прендостите од нанотехнологијата и годишниот извештај на комесарот за човекови права на СЕ. 

најчитано сега