Јован Вранишковски ќе биде ослободен пред Божик?

 

Синодот на МПЦ на вонредна седница повика на милост за екс-владиката Јован Вранишковски. Македонските архиереи, ваква одлука донеле откако во саботата во посета беше вториот највлијателен човек на Руската православна црква митрополитот Иларион Алфеев. Во соопштението кое што МПЦ го издаде стои:

„САС наМПЦ-ОА служејќи му на Бога кој преку ветиот пророк Осиа вели: „Јас повеќе сакам милост отколку жртва“ и потсетувајќи се на зборовите на Спасителот „Одете и научете се што значи, сакам милост а не жртва“ раководен од духот на човекољубието а заради повисоки цели ги повикува надежните власти на Република Македонија за милост во одно на затворениот поранешен митрополит Јован кој покрај престапите поради кои е осуден и одлежува затворска казна, во овие свети предбожикни денови не треба да биде лишен од надежта за милосрдие.

Според неофицијалните информации, можно е да се очекува Јован да биде на слобода веќе пред Божиќ.
По ова соопштение на Синодот на МПЦ може да почне правната постапка за помилување на Вранишковски. Засега нема информации како таа ќе се одвива. Синодот на МПЦ добил уверување од Руската црква дека слободата на Вранишковски ќе значи почеток на дијалогот со СПЦ за решавање на статусот на МПЦ.

 

 

Оцени ја веста

22.12.2014 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега