Мигранти, риби, желки, парфеми, цигари- плен на македонската царина

На 21.12.2014 година, мобилните царински тимови открија двајца нелегални мигранти скриени во специјално скривалиште зад задното седиште на германски автомобил.

На граничниот премин Богородица за влез во државата се пријави германско Peugeot 607, управувано од германски државјанин. При контрола на возилото, зад задното седиште е откриен специјално изработениот бункер, во кое се криеле двајца сиријски државјани, кои поседувале документи од грчкиот центар за азиланти. Мигрантите, возилото и возачот беа предадени на Министерството за внатершни работи за понатамошна постапка.

Инаку, минатата недела и викендот, царинските службеници открија повеќе обиди за шверц на стока, при што привремено се задржани девизи, аквариумски риби и желки, цигари, мобилни телефони, текстилн, парфеми, возило, храна  и фалсификати. Задржана е следната стока:

Аквариумски риби и желки

- 825 аквариумски риби (златни риби, чистач, скалар, барбус и сом), 475 желки, 25 делови за аквариуми (аквариуми, распрскувачи и пумпи) и 20 паковки храна за риби, откриени од страна на мобилните царински тимови при заедничка контрола со припадници на Министерството за внатрешни работи, на патничко моторно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, извршена во близина на Неготино. Животните и другите производи се пронајдени во повеќе кеси, картонски кутии и торби, сместени во возилото и багажниот простор. Возачот не поседувал никакви документи за потекло и платени увозни давачки

akvariumcarinaaa

Девизи

- 7.295 евра, одземени во два одвоени случаи на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на двајца патници.

Во првиот случај, при контрола на македонски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Цирих, во неговиот паричник биле пронајдени 5.685 евра и 750 швајцарски франци кои не ги пријавил и за кои не поседувал доказ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени девизи во противвредност на 2.000 евра (1.390 евра и 750 швајцарски франци), износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а 4.295 евра се привремено задржани.

Во вториот случај, косовски државјанин кој допатувал со лет од Дизелдорф, пријавил дека со себе носи 9.000 евра, но при извршената контрола, во плик сместен во рачна ташничка, пронајдени се 13.000 евра. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, а 3.000 евра биле привремено задржани.

Мобилни телефони и таблет уреди

- 5 мобилни телефони, 1 таблет уред и 4 полначи за мобилни телефони, откриени во два одвоени случаи на скопскиот аеродром Александар Велики.

Во првиот случај, при контрола на два куфери, сопственост на албански државјанин кој допатувал со лет од Истанбул, пронајдени се 3 нови мобилни телефони Samsung Galaxy S 5 и 4 полначи за мобилни телефони.

Во вториот случај, при контрола на три куфери, сопственост на македонски државјанин кој допатувал со лет од Виена, пронајдени се 2 нови мобилни телефони iPhone 6 и 1 таблет уред iPAD Air.

galaxyy

Текстилни производи, тоалетни води и парфеми

- 165 парчиња облека (детски блузи и долни тренерки), откриени на  граничниот премин Богородица, при контрола на такси возило со македонски  регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавените производи се пронајдени во два куфери сместени во багажниот простор, сопственост на македонски државјанин, патник во возилото.

- 38 тоалетни води, 13 парфеми, 1 сет за утврдување кодови и 1 сет за дијагностика на патнички возила, откриени во два одвоени случаи, на скопскиот аеродром Александар Велики. Во првиот случај, при контрола на еден куфер, сопственост на македонска државјанка која допатувала со лет од Малме, биле пронајдени 33 тоалетни води и 9 парфеми од марките Boss, Paco Rabanne, Chanel, Versace, Gucci, Dior, Calvin Klein, Giorgio Armani и други, сите распакувани и без оригинална амбалажа. Во вториот случај, при контрола на четири куфери, сопственост на македонски државјанин кој допатувал со лет од Виена, биле пронајдени 5 тоалетни води и 4 парфеми од марките Aqua Di Gio, Burberry, Calvin Klei, Nautica Blue и Versace, и по еден сет за утврдување кодови и дијагностика на патнички автомобили.

Цигари

- 11 штеки цигари RONHILL GOLD, YORK GOLD, LD RED и DIVA SLIMS со македонски акцизни маркички, откриени на граничниот премин Делчево, при контрола на бугарски автомобил, со кое за излез од државата се пријавиле двајца бугарски државјани. Непријавените цигари биле сокриени во просторот за воздушно перниче пред совозачкото седиште и во просторот околу моторот на возилото.

Kori-Kafasan

Останато

- 1 патничко возило VOLKSWAGEN PASAT 1.9 TDI, кое било пријавено за увозно царинење на царинската испостава Делчево-отсек за стоково царинење. При контрола на приложените документи и физичка контрола на возилото, царинските службеници констатирале разлика меѓу втиснатиот број на шасија на возилото и бројот на шасија наведен во документите.

- 144 килограми готови кори за бурек и баклава, откриени на граничниот премин Ќафасан, при контрола на македонски автомобил, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Корите биле пронајдени во торби со лични работи на возачот и повеќе картонски кутии, сместени во багажниот простор и позади предните седишта на возилото.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

- 733 налепници за тектилни производи, со ознаки на заштитени трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на минибус со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, на граничниот премин Богородица. Сомнителните производи биле пронајдени во патната торба на возачот на минибусот.

- 340 детски играчки-кукли, со ознаки на заштитена трговска марка, откриени на граничниот премин Богородица, при контрола на грчки камион пријавен за влез во државата. Возилото било натоварено со стока со потекло од Грција, наменета за фирма увозник од Босна и Херцеговина. 

- 3 мобилни телефони со ознаки на заштитени трговски марки, откриени на царинската испостава Пошта Скопје, при контрола на три пратки, од кои две од Сингапур, наменети за физики лица од Струмица и Кочани, и една пратка од Холандија, наменета за физичко лице од  Штип

 

 

Оцени ја веста

22.12.2014 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега