Вонземјани работат за Барак Обама?
Вонземјани одамна живеат меѓу луѓето на Земјата, а најмалку две такви суштества работат за администрацијата на американскиот претседател Барак Обама, тврди поранешниот канадски министер за одбрана, Пол Хелиер.
Тој неодамна на трибината за вонземјанските облици на живот во Вашингтон откри дека на нашата Планета претстојуваат најмалку четири видови на вонземјани, а дека високите бели суштества кои работат за Владата на САД, живеат на територијата на американските воздухопловни бази.
Главен говорник на собирот беше Пол Хелиер, кој изнесе вџашувачки податоци. Тој тврди дека вонземјаните нас не посетуваат веќе најмалку илјада години, дека доаѓаат од галаксијата Зета Ретикули, Плеиадес, Орион, Андромедиа и Алтаир и дека имаат различни намери.
- Тие кои што велат дека вонземјаните од многу одамна се на Земјата не грешат, а барем две суштества од друга планета работата за американската Влада. Тие факти се кријат така што се свртува вниманието на други работи. Така ни зборуваат дека глобалното затоплување е најголема закана за човештвтото, а додека граѓаните се занимаваат со тоа, тие водат војна за контрола на изворите на нафта и воспоставуваат бескрајно смешен финансиски и економски систем, наведува Хелиер.
- Во заверата се вмешани Советот за меѓународни односи, Билдерберг групата, Трилатералната комисија, семејството Рокфелер, како и банкарски и нафтени картели, потоа разни информативни служби и одбрани членови на воените хунти. Сите тие го контролираат светот и се обидуваат да направат една светска влада, наведува Хелиер и додаде дека неговата родна Канада исто така е дел од светската завера.