Адил бара старателство над детето- повторно судир со поранешната избраничка

Фолк ѕвездата Адил Максутовиќ и неговата поранешна избраничка Ана Рамадановски, повторно се во судир, но овој пат пејачот сака заедничко старателство над нивниот едногодишен син Адријан.

 

Како што пишуваат српските медиуми, Адил смета дека не поминува доволно време со неговиот наследник, а за тоа наводно е виновна Ана која му дозволува да го види само кога таа ќе посака.

 

Адил повторно се обратил во Центарот за социјална работа, бидејќи поранешната партнерка не му дозволува да го гледа детето кога ќе посака. 

Иако тие не се венчани, Адил плаќа алиментација, но Ана смета дека тоа што го дава не е доволно за месечните потреби на детето. Тие неодамна повторно се скараа и тогаш пејачот и кажа дека Адријан веќе е пораснат и треба да поминува повеќе време со него, вели извор.

Изворот понатаму открил дека Ана е примерна мајка, која е максимално посветена на синот и Адил на тоа нема замерки. Но, тој сака заедничко старателство, за да можат подеднакво да се грижат за него, бидејќи таа нема постојана работа и приходи. Пејачот сака секој слободен момент да го поминува со него кога нема настапи.

 

 

Оцени ја веста

22.12.2014 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега