Исклучени најпопуларните странски канали во Македонија

Македонските кабелски оператори ги исклучија најгледаните странски канали во земјава, пишува Вест. Нешнл џеографик, Фокс лајф, Минимакс и уште неколку регионални канали се исклучени на барање на Агенцијата за медиуми откако утврдиле дека при реемитувањето во земјава, се емитуваат реклами и на македонски компании, што е спротивно на правилата.
„Не станува збор за притисок туку за почитување на закон и за меѓународно право. Се знае што значи реемитување, тоа е без никаква интервенција во програмата и во рекламите. Во договорот на кабелскиот оператор е дефинирано на кој јазик оди програмата, а на кој рекламите. На пример, во случајот на Минимакс, програмата треба да е на српски, а рекламите на романски. Така беше до пред десетина дена. Потоа почнаа реклами на српски. По укажувањето на Агенцијата, сите кабелски оператори го исклучија, освен еден, кој не сакаше да го прими решението", вели за Вест Директорот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски.
Тој додава дека штом кабелските оператори го решат проблемот со рекламите, каналите ќе може да бидат вратени во етер.
Од Близу за Вест велат дека очекуват Агенцијата да го реши проблемот.
„Бараме Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги да го реши проблемот со каналите, бидејќи во случајов, ние само ги реемитуваме содржините кои ни ги пуштаат каналите. Ние не интервенираме ниту во содржините ниту во рекламите што се пуштаат на одреден канал, ниту пак, смееме тоа да го правиме. Во случајов, ние сме оштетени како кабелски оператор, и нашите гледачи, кои како крајни корисници навикнале да гледаат одреден канал, а сега тоа им е скратено", вели за Вест Кирил Трендафилов, директор на „Близу

 

 

Оцени ја веста

21.12.2014 - 22:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега