Патот до Негрево целосно реконтруиран

Локалниот пат до селото Негрево во Општината Пехчево е целосно реконтруиран со поставување на нов асфалтен слој на коловозот.

Вкупната должина на патот изнесува 3,5 километри. Коловозот е широк 3,5 метри, со по 75 сантиметри песочни банкини и одводни канали за атмосферската вода од обете страни.

- За реконструкција на овој локален пат Општината Пехчево обезбеди 4,128 милиони денари преку проектот Рехабилитација и подобрување на локалните патишта финансиран од Европската банка за обнова и развој, информира градоначалникот Игор Поповски.

Во наредниот период во Општината Пехчево ќе се реконстуираат уште неколку локални патишта до повеќе населени места и до туристичките локалитети.

најчитано сега