Груевски: Плаќањето придонеси за хонорари во интерес на правата на работниците

 

Многу допирни точки и законски поврзаности постојат во обврската за плаќањето на придонеси на хонорарците и правата на работниците со загарантирањето на нивните работни места.

Ова се норми коишто постојат речиси во сите држави во Европа, истакна премиерот Никола Груевски при вчерашната посета на Штип, пренесува МИА. 

Плаќањето придонеси за хонорарите, потенцира тој, се прави во речиси сите земји во Европа односно во 95 проценти од државите во Европа е така како што е сега законот во Република Македонија. Според него, дали во две, три или четири држави во Европа не се плаќаат придонеси на хонорарите, а во сите други се плаќа.

- Второ и можеби клучно, е проблемот што оставањето на неплаќање придонеси на хонорарци ги стимулира работодавачите да не ги вработуваат луѓето, туку да ги држат на хонорар. Тоа не е добро за луѓето затоа што секогаш имаат неизвесност дека лесно може да бидат отпуштени, да им биде прекинат договорот за хонорар, да немаат правен начин како да се борат за своето работно место, рече премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

 

 

Оцени ја веста

21.12.2014 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега