Конференција за локалниот социјален дијалог во Македонија

 

Денеска во Сојузот на синдикати на Македонија ќе се одржи конференција на тема „Локалниот социјален дијалог во Македонија - предизвици и потреби“.

Во првиот дел од конференцијата најавено е присуство на министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, американскиот амбасадор Пол Волерс и претседателот на ССМ, Живко Митревски.

Во вториот дел планирано е да се обратат претседалот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров и претседателката на Конфедерацијата на синдикати, Мирјана Андреска. Ќе бидат презентирани активностите на локалните економско-социјални совети во Штип, Струмица, Куманово и Прилеп и на Националниот економски и социјален совет, како и активностите на Агенцијата за вработување

најчитано сега