Почина познат македонски кошаркар

Вчера ненадејно во Велес почина Бранко Ацков. Познатиот спортист, кошаркар и капитен на КК „Жито Вардар“ смртта го затекна на педесет и три годишна возраст.

ackov

Велешани ќе го паметат како дел однајдобриот тим на клубот кој во периодот од 1993-1996 ги полнеше кошевите на спортските противници и ги постигна најдобрите резултати пред верните навивачи во преполната сала на Спортско рекреативниот центар „25 мај“ во Велес, објави „Дума“.

Ацков беше член и на КК „Борец“ и еден од основачите на КК „Велес 2000“. Во времето кога го носеше дресот на „Борец“ клубот два пати беше првак на Македонија и се натпреваруваше во Втората лига на поранешна Југославија.

Бранко Ацков е погребан денеска на новите градски гробиштата во Раштани.

 

 

Оцени ја веста

20.12.2014 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега