Хрватскиот минитсер за одбрана доаѓа во Македонија
Хрватскиот министер за одбрана Анте Котромановиќ попладнево треба да пристигне во официјална посета на Република Македонија.
Котромановиќ ќе биде пречекан од неговиот македонски колега Талат Џафери со кого ќе оствари средба. Според најавите, ќе се одржи и состанок меѓу делегациите на двете држави.