Општина Кисела Вода украсена пред Новогодишните и Божикните празници
Во пресрет на Новогодишните и Божикните празници општина Кисела Вода ги украси поголемите улици и сообраќајниците, а со новогодишни реквизити се накитени и парковите.
Новогодишниот амбиент може да се почувствува уште од самиот влез во општината, од булеварот „Борис Трајковски”, кај стара рампа па се до крстосницата со улицата „Народни Херои”.
Како што соопштија од Општина Кисела Вода, со светлосни реквизити е декориран паркот спроти општинските бараки, каде е поставена и 10-метарската новогодишна елка, како и омиленото катче за игра на децата од Кисела Вода, детското игралиште во форма на замок.
Новогодишниот сјај ги навестува празничните денови и на почетокот на улицата „Огњан Прица“, се до крстосницата со улицата „Димо Хаџи Димов”, како и на скверот околу околу црквата „Св. Петка”. Новогодишните реквизити им дадоа атрактивен лик и на парковите „Шопен”, „Македонија” и „Паркот на Бранителите” во населба Драчево.
Украсени се и влезовите на населбите Драчево и Пинтија.
За новогодишното разубавување на овој дел од градот, oпштина Кисела Вода од својот буџет издвои 1.994.000 денари.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа