Исповед на една тинејџерка: Би сакала да не брзав толку за да ја изгубам невиноста

 

Штом завршив прва година во средно училиште, запознав прекрасно момче. И станав „навлечена“ на него. Не би го нарекла тоа љубов – повеќе беше возбудување. Последните шест месеци со него, ми беа најубавите во животот. Имав пеперутки во стомакот, но тој имаше повеќе контрола врз мене отколку што мислев“, ја почнува својата приказна за своето прво љубовно искуство 18-годишната Тејлор.

За време на зимскиот распуст одлучив дека е време да спијам со него. Но, тогаш не знаев дека тоа воопшто не беше ммојот избор“, објаснува оваа девојка.

Тејлор раскажува дека не чувствувала надворешен, туку внатрешен притисок за да стапи во сексуален однос со ова момче. „Тој беше мојата прва „вистинска“ врска, личноста за која мислев дека ја љубам. Затоа мислев дека сексот со него е логичен чекор кој треба да го направам. Тој многу го сакаше тоа, а јас сакав да го усреќам“, вели таа.

„Заљубеноста е како дрога, не` прави нерациоанлни. А, би требало да има такво чувство што во врската треба прво да се посветиш прво на себе си, а потоа на партнерот. Мислам дека не се сакав доволно себе си, за да ги одржам ветувањата кои си ги дадов самата дека ќе го чекам вистинскиот за да спијам со него, па тогаш како можев да мислам дека го сакав него? Затоа жалам што не почекав уште некое време пред да ја изгубам невиноста со него“, смета Тејлор.

Таа вели дека и после една година врска, тие се` уште имаат лош и исцрпувачи секс и таа уште мисли дека тоа не е тоа, но дека не се сака доволно самата себе за да излезе од таа врска.

„За мене сексот значи дека прво треба да се познаваш себе си, па потоа да веруваш во друга личност. Јас тогаш имав 17 години и направив нешто поради кое сега се каам. Уште сум со истото момче и секој пат после сексот, помислувам на таа ноќ наспроти Божиќ кога прв пат имавме секс и посакувам да почекав уште некое време пред да го направам тоа. Затоа, мој совет до секоја девојка: Ако си дури и малку несигурна дали треба да го направиш тој чекор, чекај го вистинското време за тоа“, вели Тејлор.

Извор: Точка

 

 

Оцени ја веста

20.12.2014 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега