Што се случува во вашето тело кога ќе престанете да пушите?

 

Во истиот момент кога ќе прекинете со пушењето, вашето здравје започнува да се подобрува. Иако оставањето на овој порок не е едноставно, ако можете да се концентрирате на оваа предност, сигурно ќе ги оставите цигарите позади вас.

Со 4.000 штетни хемикалии во секоја цигара, секој пат кога ќе вдишете дим во белите дробови, му нанесувате штета на вашето тело, лице, заби и кожа, тврди др. Питер Селби, клинички директор на програмата за зависност и ментално здравје во Торонто.

Промените кои настануваат после последната цигара: После 20 минути: Вашиот крвен притисок и пулс ќе паднат. Температурата во рацете и нозете ќе се врати во нормала.

После 8 часа:

Јаглерод моноксидот во вашата крвта ќе падне на нормало ниво, додека пак кислородот во крвта ќе се покачи и ќе ја достигне нормалата.

После 24 до 48 часа:

Шансата да добиете срцев удар се намалува. Вашите сетила за вкус и мирис се зајакнати. Дишењето станува полесно. Имате повеќе енергија.

После две недели:

Вашата циркулација се подобрува, и продолжува да се подобрува наредните 10 недели.

После два до три месеци:

Вашата циркулација е значајно подобрена. Пешачењето постанува полесно. Вашите белодробнифункции се зголемуваат за дури 30 %

После девет месеци до година дена:

Се намалува кашлицата, заморот, проблемите со синусите и отежнатото дишење. Белите дробови се повеќе отпорни на инфекции за разлика од порано. Ризикот за срцеви заболување се намалува за половина, во однос на личностите кои се уште пушат.

После три години:

Ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар се намалуваат на ниво кое го имаат луѓето кои никогаш не пушеле.

После пет години:

Шансите да добиете рак на белите дробови се намалуваат речиси за половина, во однос на пушачите. Ризикот од рак на устата, грлото е исто така намален за половина.

После десет години:

Шансите да умрете од рак на белите дробови се еднакви од оние кои никогаш не запалиле цигара. Ризикот од рак на устата, грлото се значајно намалени.

 

 

Оцени ја веста

20.12.2014 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега