ФОТО: „Откриен“ идентитетот на маскотата на Вардар?!

Воин со заштитник на главата во боите на клубот и со штит на кој е испишано логото на „вардарци“ е новата маскота која ја има ракометниот вицешампион Вардар.

Идентитетот на воин не е официјално соопштен, поради што македонскиот репрезентативен пивот, Столе Стоилов, реши малку да се пошегува и на својот профил на „Фејсбук“ постави фотографија облечен во костимот на маскотата, алудирајќи дека токму тој е „мистериозниот“ воин. Секако, тоа е шега, која наиде на позитивен одзив кај неговите пријатели на социјалните мрежи.

 

 

Оцени ја веста

19.12.2014 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега