Ова се топ 10 навреди од свекрвата

Односот помеѓу свекрвата и снаата најчесто е многу проблематичен. Кога снаите добиле можност да зборуваат за тој однос и да ги откријат нивните навреди, добиени се следните одговори.

-Свекрвата на нејзиниот профил на Фејсбук објави видео за вежбање и не означи мене и нејзината ќерка и напиша: Сега повеќе немате изговор затоа што не вежбате.

 

-Свекрвата ми кажа: Знам дека не сакаш деца ама веќе си стара. Инаку немам ни 35 години.

-Мојата сега веќе бивша свекрва пред три години ме нарече со името на поранешната девојка на мојот сопруг.

-Мојата свекрва украде дел од нашите покани за венчавката за да им ги прати на луѓето кои не планиравме да ги поканиме. Сакавме мала свадба со луѓето кои ги познаваме и кои ни се мили. На крајот половина од нив не ги познававме, а ни беа на свадба.

-Свекрвата ме праша дали мислам дека балерините се убави. И кажав дека се, потоа ме праша дали некогаш сум вежбала балет. И кажав не, а нејзиниот одговор беше: Така и мислев, балерините добро се грижат за нивното тело.

- Кога мојот вереник им соопшти на родителите дека ќе се венчаме, неговата мајка беше разочарана. Го праша дали навистина ќе се земеме. Го праша дали ме сака повеќе од Ејми и ја праша дали е сериозна. Таа кажа: Баш ја сакав Ејми, ми недостига, додаде. Инаку Ејми е поранешната девојка со која раскина пред шест години.

- Реков дека не сум љубител на фудбал, на што мојата свекрва кажа дека само паметните луѓе сакаат фудбал.

-Мојата свекрва толку ме мрази што не сака ни да признае дека постојам. Единствената предност е што не морам да ги слушам нејзините омаловажувања.

- Прво што ми кажа свекрвата кога останав сама е: Чудно ми е што не си црвенокоса, мојот син паѓа на жени со црвена коса. Не и останав должна, и кажав: Навистина чудно и јас паѓам на црвенокоси.

Свекрвата ме нарече „др*ља“ откако дозна дека живем со нејзиниот син. Инаку јас и тој сме во врска од средно и шест години се забавуваме пред да почнеме да живееме заедно. Нејзиниот став кон мене сега е малку подобар бидејќи родив дете.

Извор: Вистина.мк

 

 

 

 

Оцени ја веста

19.12.2014 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега