Во 2015. Грција ќе треба да враќа 22,5 милијарди евра долг кон ЕУ и ММФ
Грција следната година ќе треба да го отплати долгот во износ од 22,5 милијарди евра кон Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, пишува грчкиот весник „Етнос“.
Весникот коментира дека без разлика кој ќе биде на власт во Грција во 2015 година, тој ќе биде соочен со голем финансиски тест.
- Следното лето за Грција ќе биде вистински кошмар, со оглед на тоа што во период од три месеци, јуни, јули и август, која влада и да дојде на власт, ќе треба да го враќа долгот кон кредиторите. А само за тие три месеци вредноста на задолжувањата е 11,5 милијарди евра. Од каде ќе ги најде тие пари?, прашува весникот.
„Етнос“ објави дека доколку во Грција бидат одржани предвремени парламентарни избори во февруари и Алексис Ципрас стане премиер, уште со самото доаѓање на власт неговата влада ќе треба да плати 2,1 милијарда евра на ММФ и 1.9 милијарди за камати, односно вкупно четири милијарди евра.
- Следуват уште плаќања, при што вкупната сума на задолжувања, ќе достигне 22,5 милијарди евра, додава „Етос“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа