ВИДЕО: Волшебно- Мајка со три деца ја доживеа Божиќната магија

Полицајците на округот Џексон тргнале во дневна вообичаена потрага по граѓани кои ќе ги запрат и евентуално ќе им напишат некоја казна. Но овој пат се било поинаку…

Во една многу специјална тајна операција, еден богаташ кој е познат како „тајниот Дедо Мраз“ им дал 100.000 долари на полицајците и една задача – сите пари да им ги поделат на луѓето и да ги усреќат пред Божиќ.

Најдобриот момент се случил кога запреле една мајка на три деца која на почеток била лута, но на крај кога видела за што се работи, заплакала и рекла дека полицаецот го спасил нејзиниот Божиќ бидејќи сега може да им купи подароци на децата.

 

 

Оцени ја веста

19.12.2014 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега