Турци уапсени за шпионажа во Германија

 

 

Канцеларијата на федералното јавно обвинителство во градот Карлсруе потврди дека тројца турски државјани се приведени и дека против нив ќе бидат покренати кривични пријави за шпионажа.Двајца од осомничените биле  уапсени на аеродромот во Франфурт а третиот бил уапсен во неговиот дом во западната покраина Северна Рајна Вестфалија. Според информацијата објавена на веб страницата на федералното обвинителство тројцата уапсени се: Мухамед Таха (58),Гоксел Г. (33) и Ахмед Дуран (58).  Според обвинистелството Мухамед Таха се сомничи дека го координирал активностите на другите двајца уапсени кои што шпионирале други турскидржавјани и дека во Германија работеле за Турските разузнавачки служби. Според германските медиуми сите тројца вчера биле изведени пред судија кој што им одредил притвор во  очекување на кривични пријави. Турците чинат 25 % од вкупниот број на странци кои што живеат и работат во Германија и според проценките над 1,5 милиони од вкупно 6,2  странци во земјата се турски државјани. Од август оваа година тие за прв пат добија можност да гласаат на претседателските избори во матичната земја по што беа отворени гласачки места во голем број германски градови пренесува Дојче Веле.

Иако тројцата уапсени не се поврзани со активности на религиозни или радикални организации апсењето на тројцата Турци би можело да влијае на зголемуввање на бројот на антиисламските демонстранти кои секој понеделник се организираат во Дрезден и други германски градови.

 

 

Оцени ја веста

19.12.2014 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега