ФОТО: Не издржа срцето на малечката Марина од Македонски Брод

 

Марина ја немаше среќата како останатите седум деца на кои успешно им беше направена интервенција од страна на американските и македонските хирурзи на детска хирургија. По 11 часа борба 9 годишнаа Марина од Македонски брод не ја издржа операцијата и нејзиното срце престана да чука, јавува Канал 5

Директорката на Клиниката за детски болести објаснува дека состојбата на детето била комплицирана. Софијанова вели дека долгото седење дома без лекарска нега го стори своето.

- Поради слабото срце девојчето имаше проблеми со другите органи. Операцијата за жал не го спаси детето, вели за Канал 5д-р. Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести.

Хирурзите успешно оперираа седум пациенти од кој едно новороденче, а другите бебиња над два месеца.  Колку порано се дојде на интервенција, толку се поголеми шансите за продолжување на животот.

 - Апелирам на време да се носат децата, да не се чека, тука сме да помогнеме,  ивели д-р. Аспазија Софијанова, за телевизијата

Според докторите ова не е прв случај на време да не се донесе дете со тешка срцева маана.

ФОТО: Канал 5

најчитано сега