Пад на стапката на невработеност во Грција

Стапката на невработеност во Грција во третиот квартал од годината се намали до 25,5 проценти. Во вториот квартал невработеноста изнесуваше 26,6 отсто.

Според грчката Статистичка служба во третиот квартл невработени се 1,2 милиони луѓе од вкупно 11-милионското население. Во споредба со истото тримесечие од 2013 година стапката на невработеност изнесувала 27,2 проценти.

Невработеноста е најголема меѓу младите луѓе на возраст од 15 до 24 години - 49,5 отсто.

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега