Детската клиника доби софистициран апарат за дијагностика на епилептични жаришта

Клиниката за детски болести доби донација софистициран медицински апарат Nеurowerk EЕG 36. за дијагностика на епилептични жаришта. Апаратот, прв од ваков вид во Македонија е донација на Одделот за неврологија, при детската клиника и ќе се користи за дијагностика на епилептични жаришта.

Aпаратот, кој е наменет за Одделот за неврологија на Клиниката, е донација на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија.

Главниот извршен директор на Македонски Телеком, Андреас Маиерхофер денеска на прес-конференција во Клиниката рече дека апаратот е неопходен за правилно дијагностицирање на епилепсија кај децата, а со тоа и правилно и навремено лекување, што на крајот значително ќе го подобри квалитетот на живот и здравјето на тие деца. 

Заблагодарувајќи се за донацијата, директорката на Клиниката, Аспазија Софијанова истакна дека апаратот е неопходен за точна проценка на локацијата и активноста на епилептичните жаришта, што ќе овозможи соодветно лекување, лекување на нападите и намалување на појавата на нападите.

Апаратот овозможува долготрајно ЕЕГ снимање и монторинг на пациентите во траење од 24 и 48 часа, за која специфична дијагностичка постапка пациентите наместо да патуваат во странство, отсега ќе можат да се прегледуваат во Клиниката за детски болести.

Маиерхофер по завршувањето на прес-конференцијата ги посети децата кои се на лекување во Клиниката и им подели новогодишни подароци.

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа