Двојно помалку пари во 2015 за најдобрите во Макфест

Најпопуларниот македонски фествал на забавни песни „Макфест“, го обелодени конкурсот за 2015 кога ќе се одржи јубилејното 30 издание.

Фестивалот ќе се одржи во втората половина на месец мај, а локацијата ќе остане во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип.

Најпрво ќе бидат изведени две полуфинални вечери со по 30 нови композиции, а изведувачите ќе бидат придружувани од Ревискиот оркестар на МРТВ. 18 од нив, односно по девет од секоја полуфинална вечер, ќе бидат уште еднаш отпеани во големото финале.

Општина Штип, како организатор и Министерството за култура, како главен покровител на манифестацијата, ќе доделат вредни награди во седум категории и тоа:

1-ва награда во износ од 10.000 евра, која ќе биде доделена врз основа на вкупниот број освоени гласови во финалната вечер;

2-ра награда во износ од 7.500 евра, која ќе биде доделена според вкупниот број освоени гласови во финалната вечер;

3-та награда во износ од 5.000 евра, која ќе биде доделена според вкупниот број освоени гласови во финалната вечер;

Награда за најдобра вокална изведба во износ од 1.000 евра, која ќе му се додели на најдобриот изведувач согласно одлука донесена од страна на стручна комисија;

Награда „Драган Ѓаконовски – Шпато“ во износ од 1.000 евра, која ќе му се додели на најдобриот аранжер согласно одлука донесена од страна на стручна комисија;

Награда за најдобар дебитант во износ од 1.000 евра, која ќе му биде доделена на најдобриот интерпретатор согласно одлука донесена од страна на стручна комисија;

Награда за најдобар сценски настап во износ од 1.000 евра, која ќе му биде доделена на најдобриот интерпретатор согласно одлука донесена од страна на стручна комисија; и

Признание за најслушана композиција меѓу два фестивала, кое ќе им биде доделено на авторите и изведувачите согласно одлука донесена врз основа на претходно изјаснување на 5 национални радио станици.

Рокот за пријавување трае до 31 јануари 2015 година, а за правилата и условите можете да прочитате на официјалната веб страна на фестивалот.

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега