Пахор: Македонија заслужува да добие датум за преговори!
На Македонија во јуни треба да и се даде датум за почеток на преговори со ЕУ, изјави претседателот на Словенија Борут Пахор.
- Шефовите на држави и влади на идниот европски самит ќе имаат храброст да и доделат датум за почеток на преговори на Република Македонија. Иако прашањето за името не е решено, јас сум да и се додели датум за почетк на преговори на Македонија. Како голем пријател на Македонија, јас можам само да жалам што не се искористи можноста која и беше дадена да го реши проблемот со Грција. Но независно од ова, мислам дека е важно да и се даде датум за почеток на преговорите на Македонија, вели Пахор.
Тој порача проблемите кои ги има Македонија да најдат начин да се решат, а не да се продлабочуваат.
- Потребно е да се најдат решенија за проблемите, а не тие да се продлабочуваат. Потребно е да и се даде датум на Македонија, но тоа е мое лично мислење. Но ова под еден услов, кога одлуката ќе биде донесена, Македонија и Грција во еден разумен рок треба да се согласат најдат решение и компромис за прашањето со името, изјави словенечкиот претседател. Смета дека во овој конфликт не треба да има ниту победник ниту поразен, бидејќи тоа се соседни земји кои ќе бидат во иста заедница. Притоа Пахор го посочи примерот на начинот на кој неговата земја и Хрватска го решија граничниот спор со компрмис. - Македонија и Грција треба да го направат истото, нагласи Пахор.
- Перспективата за членство на балканските земји во ЕУ и перспективата на ЕУ која ги прифаќа балканските земји е нешто позитивно, но добро знаеме дека во европските институции сега се работи на справувањето со кризата и процесот на проширување се забави, изјави словенечкиот претседател.
ФОТО: Сител