Министерство за транспорт и врски: Жерновски да не шири лаги и заблуди

 

Новото законско решение е со цел да им се даде поголема легитимност на одлуките за донесување на урбанистичките планови, се вели во демантот од страна на Министерството за транспорт и врски, на изјавата на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, дека власта со овие измени сака да протурка проекти во Центар.

-Градоначалникот Жерновски да не шири заблуди, да не шпекулира и да не ги лаже граѓаните, создавaјќи конфузна претстава за законското решение. Имено и до сега  Општина Центар согласно Статутот на општината е предвидено истото решение, односно и Советот на општина Центар до сега одлучува со мнозинство гласови од присутните членови на Советот, а најмалку со една третина од вкупниот број на членови на Советот, се вели во демантот. 

Понатаму се додава дека во постоечкиот Закон за просторно и урбанистичко планирање не е предвидено со какво мнозинство се донесуваат урбанистичките планови, поради што во пракса се случуваше урбанистички план да се донесе со обично мнозинство гласови од присутните членови на Советот. 

-Заради давање на поголема легитимност на одлуките за донесување на урбанистички планови во предлог законот се прецизира, кога е донесена одлука на Советот на општината за донесување на истата да гласале најмалку 1/3 од вкупниот број на членови на Советот на општината, општината во градот Скопје односно градот Скопје, а во спротивно урбанистичкиот план да не се смета за донесен, пишува во демантот.

 Од Министерството појаснуваат дека преку ова решение се создава можност и поголем број од непосредно избраните претставници на граѓаните во советите на општината да бидат запознаени и вклучени во постапката за донесување  на урбанистички планови.

-Урбанистичките планови ќе се носат во електронска постапка која ќе доведе до поголема транспарентност и одговорност на сите вклучени субјекти. За донесување на Урбанистичките планови се предвидува задолжителна јавна анкета, извештаите од јавната анкета ќе бидат електронски достапни на советниците за да имаат увид како е постапено по забелешките на граѓаните. Советото ќе има легитимитет да го врати на дорабтотка планот ако смета дека не е добар, ова се само дел од позитивните страни на новот законско решение кое е во собраниска процедура, пишува во демантот од Министерството за транспорт и врски.

 Од таму додават дека на Жерновски не му е првпат да ја користи својата позиција и да ги манипулира граѓаните ширејќи дезинформации.

 -Тој е градоначалник на кој што најкрупен проект му е поставување на бехатон плочки на улица и отворен ден за граѓаните. За жал тој е градоначалник кој ќе остане запаметен кој јавно тврдеше дека ќе се урне трибината на арената Филип Втори Македонски, се вели во демантот од Министерството за транспорт и врски.

 

 

Оцени ја веста

17.12.2014 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега