Глобална тортура: Застрашувачка карта на 54 земји кои соработувале со ЦИА во програмата „предавање притварање“
По 11 септември 2001 година, ЦИА ја покрена програмата „извонредно предавање и притворање“ за да ги обработи осомничените за тероризам. Проблемот на Агенцијата беше тоа што сакаше да ги притвори и испраша странките осомничени без да ги доведе во САД или да ги терети за било каков злочин.
Нивното решение било да осомничените потајно ги премести во друга земја. Понекогаш тоа значи и во тајните затвори на ЦИА во местата како што се Тајланд или Романија, каде ЦИА требала да ги испраша осмничените. Понекогаш тоа значело и да ги предадат од сопствената Влада, а некои од нив можеле да бидат испрашани и од самите влади.
ЦИА програмата за предавање и притворање е готов, но нејзиниот делокруг е сеуште завиен во некои мистерии.
Извештајот во PDF под името ГЛОБАЛНА ТОРТУРАиздадена од страна на Open Society Foundation (Фондација на Отворено Друштво – одобрена и финансирана од страна на Џорџ Сорос со цел обликување на јавното мислење и политика, промоција на демократскава власт, човековите права и економските, легалните, и социјалните реформи) фрла ново светло во шокирачка мера. Според извештајот, 54 странски влади на некои начин соработуваат во програмата. Некои од овие држави имаат брутална диктатура на власт, а само неколку од нив се искрени американски противници.
Нивното делување е спроведено во неколку облици. Некои како Полска и Латвија, допуштаат да ЦИА ги води тајните затвори во своите земји. Многу блискоисточни земји како Средна Азија и Европа ги предаваат затворениците на ЦИА агенцијата, од кои некои земји бараат фаќање и затворање на истите да се спроведе во името на Агенцијата. Други пак држави, особено на Блискиот исток, ги испитуваат затечените во името на Агенцијата, како што е Јордан, кој прифати неколку Пакистанци. Некои од нив како што се Грција, Шпанија, дозволиваат летови поврзани со програмата на ЦИА.
Вистината за методите на ЦИА за ѕверското мачење на сомничените – дел од хоророр биле и балкански земји?
На јавноста и е дозволен само дел од содржината на извештајот на американскиот Сенат, чие објавување било одложувано затоа што службен Вашингтон не можел да се усогласи што се можело да биде објавено.
Американскиот сенат на 9 декември 2014 година конечно ја објави долго очекуваниот извештај за методите со кои се служела ЦИА по терористичките напади на 11 септември 2001 година. Во извештајот е навестено за „бруталното“ испитување на осомничените за тероризам во годините по 11 септември. Така сенаторскиот одбор заклучи дека ЦИА ги измамила Американците во поглед на реалното испитување.
Испитувањата се лошо спроведени и информациите кои се така собрени биле неверодостојни. Инаку целиот сенатски извештај кој е напишан на 6000 страни останува доверлив, а во јавноста е достапен само материјал на нешто повеќе од 480 страни, а објавувањето на истите било одложувано, затоа што од службен Вашингтон не можеа да се согласат што да објават. Го составувале демократските членови на одборот.
Барак Обама ја известил ЦИА за програмата на испитување по доаѓањето на власт во 2009 година. Изјави дека техниките претставуваат мачење на затворениците, односно тортура. Овие методи им наштетија на американскиот углед и поради тоа на Обама му било тешко да ги гура американските интереси кај сојузниците и партнерите.
Најмалку 119 осомничени минале низ програмата на ЦИА, „Приведи, затвори, испитај“, техниката им била вистинска тортура, а дури 26 од мачените биле осомничени поради замената на идентитетот, или погрешни информации.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа