Во Гевгелија 50 таксисти добија сертификати за авто такси возачи

 

Педесет од вкупно 85 таксисти во општина Гевгелија ,денеска ги добија сертификатите за авто такси возачи откако претходно го положија испитот согласно Законот за превоз во јавниот сообраќај, 

Сертификатите на таксистите им ги врачи градоначалникот Иван Франгов кој изрази задоволство што Гевгелија е втора општина во земјата која побрза да ги сертифицира такси превозниците според законските прописи и да им овозможи непречено одвивање на дејноста и подобрување на услугата во такси превозот.

Останатите 35 таксисти исто така успешно го поминаа предвиденото тестирање за што добија уверенија за положен испит, а сертификатите ќе ги подигнат откако ќе бидат изготвени од страна на локалната самоуправа.

Инаку, испитот се полага писмено во форма на тест што го сочинуваат прашања од областа на јавниот превоз на патници и безбедноста на сообраќајот на патиштата.

 

 

Оцени ја веста

17.12.2014 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега