Бездомник се понуди да ѝ го плати таксито– нема да верувате како таа му се оддолжила
Доминик Харисон Бенсен од Престон доживеала нешто неочекувано кога на враќање со такси од градот, сфатила дека ја изгубила банковната картичка при што неможела да го плати таксито. Во тој момент добриот бездомник скокнал на помош и ѝ ги понудил последните три фунти што ги имал.
Доминик секако одбила да ги земе парите, но одлучила да го основа фондот „Помогнете му на Роби", за да му се одолжи за гестот. Четири дена и биле потребни да го пронајде.
Според она што Доминик го изјавила се јавиле неколку луѓе на кои Роби им ги вратил паричниците, им помогнал кога се изгубиле, а и го нудел својот шал на една девојка која се смрзнувала.
-Бездомник станал пред седум месеци не по своја вина, а не може да најде работа бидејќи нема живеалиште, додава студентката Доминик.
Нејзина примарна цел е од донациите на добрите луѓе да собере доволно за да може Роби да положи депозит за стан, што потоа ќе му даде можност да најде работа.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа