Германија воведува патарина

 

 

 

Возењето по германските автопатишта од 2016 година најверојатно веќе нема да биде бесплатно, јавија чешките медиуми. 

Според најавите, годишниот надомест за возачите на патничките автомобили ќе чини околу 130 евра, а за еколошките автомобили ќе се пресметува со попуст.

Возачите ќе имаат можност да платат надомест и за двомесечно користење на автопатиштата - 22 евра или за десетдневно користење - 10 евра.

Доказ за плаќањето на патарината е налепница која ќе треба да се залепи на предното стакло на автомобилот, а камери ќе ги снимаат налепниците и регистрациите на возилата.

Предлог-законот за плаќање на овој надомест денеска беше одобрен од германската Влада и ќе се разгледува и од Парламентот.

Воведувањето на патарината ќе го почувствуваат главно странските возачи, бидејќи на Германците, за цената на патарината ќе им биде намален данокот за сопственост на моторно возило.

Европската комисија има резерви кон најавената мерка и смета дека се врши дискриминација меѓу германските возачи и останатите

 

 

Оцени ја веста

17.12.2014 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега