Напредок на регионот со брзата пруга Будимпешта-Атина
Пругата од Будимпешта до Белград, што претствува првиот дел од брзата пруга која треба да ги поврзе Унгарија, Србија, Македонија и Грција, треба да биде готова за две години. Договорот денеска го потпишаа Србија и Унгарија со НР Кина во рамки на Самитот што се одржува во Белград.
- Изградбата на овој проект ќе послужи за развојот на регионот и ќе помогне да се олеснат интересите на Кина и на земјите од Источна и Централна Европа. Изградбата на пругата ќе помогне да се унапреди логистиката помеѓу четирите земји и ќе го олесни протокот на лица, стоки и капитал. Проектот воедно ќе помогне да се воспостави коридор и рута за размена на стоки меѓу Кина и Европа. Се надеваме дека ќе има уште вакви траси, рече Кечијанг.
- Тоа е многу важен прект за економијата на регионот, за луѓето, за компаниите и за секого, бидејќи ќе промени многу работи поврзани со сообраќајот, прометот на луѓе и стоки и ќе им помогне на земјите да се движат напред, потенцира Груевски.
- Пругата ќе донесе ново поврзување на Србија со нашите пријатели од Унгарија, Македонија и Грција, како и ново и позначајно поврзување со Европа. Секое големо инфрастуктурно вложување носи и големи економски придобивки, рече Вучиќ и се заблагодари и за разбирањето од Македонија и Грција.
Виктор Орбан премиерот на Унгарија денешното потпишување на договорите го оцени како значаен ден за неговата земја, бидејќи ќе ја подобри позицијата на земјата.
- Уверен сум дека соработката меѓу Европа и Кина ќе се подобри преку оваа железница, рече Орбан.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа