ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски да се вразуми и да престане да создава конфликти
-Апелираме до господинот Жерновски да не ни се обраќа нам, туку да им објасни на граѓаните зошто ги излажа дека ќе гради училиште и градинка и зошто сака да го прогласи објектот на црквата Св. Константин и Елена за дива градба, стои во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
ВМРО-ДПМНЕ вели дека Жерновски треба да им објасни на граѓаните зошто парите за градинка и училиште ги потрошил за привремени вработувања.
- Второ, треба да им објасни зошто упорно настојува да се поништи деталниот урбанистички план, а со негово поништување практични објектот на црквата Св. Константин и Елена ќе стане дива градба. Кога еден објект е дива градба секоја општинска власт сега и понатаму ќе може да постапува како сака, па и да го руши. Го повикуваме градоначалникот на Општина Центар, господинот Андреј Жерновски да се вразуми и да прекине свесно да креира конфликти во македонското општество, се вели во реакцијата.