Венди: Поранешното момче ме тепаше!

 

Весна Вукелиќ Венди која неодамна беше станар во куќата на Големиот брат, си ја отвори душата па кажа дека била во врска со маж кој ја тепал, но и таа го тепала исто така.

Таа за емисијата Хепи за прв пат кажа некои информации за нејзиниот приватен живот.

- Бев во врска со момче кое ме тепа и тоа цели три години. Мислам дека на секоја жена може да и се случи тоа да се погоди да биде со некој кој ја тепа и малтретира. Но, и јас го тепав. Верувајте секој ден си велев ќе биде подобро, ќе се смени, но не беше така. Среќа не завршив во брак со него, вели Венди.

Додека зборуваше за несреќното искуство Венди се воздржа да не заплаче.

најчитано сега