Жерновски се жали - ВМРО-ДПМНЕ му ја блокира општината со рецепт на СДСМ

 

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски денеска изјави дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ има намера да ја блокира работата на општината и оти се поднесени голем број амандмани на ребалансот на буџетот со што се прави директна штета на граѓаните.  

- Сакам уште еднаш јасно да кажам дека на дневен ред не е стопирање на изградба на црквата „Свети Константин и Елена. И затоа не можам да сфатам зошто протестираа граѓаните. Денеска требаше да имаме средба со  Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, која е откажана, поради познати причини, рече Жерновски.

Тој изрази надеж дека граѓаните ќе се вразумат и оти тоа што се случува е лоша слика за државата.

Жерновски презентираше планови и снимки кои ќе му ги презентира на поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан на кои се гледа дека постои црквата „Свети Константин и Елена“ со иста површина и параметри.

На ист начин, со огромен број на амандмани, СДСМ блокираше многу законски решенија во македонското Собрание, а последна во низата блокади беше онаа за донесувањето на Буџетот за 2013 година

најчитано сега