Ванчо Балевски нов селектор на женската фудбалска репрезентација на Македонија

Поранешниот тренер на Вардар и на Слога Југомагнат, Ванчо Балевски е новиот селектор на женската репрезентација.

Ова е една од бројните одлуки кои на денешната седницата ги донесе Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија.

Балевски на селекторското место на женската репрезентација ќе го наследи Добре Димовски кој е назначен за член на Комисијата за женски фудбал.

Горан Станиќ и Добринко Илиевски се назначени за селектори во младинските национални селекции, а ќе бидат дел и од тренерскиот тим во спортската академија, додека Бруно Пресилски е назначен за технички координатор на диспензираните паралелки по фудбал.

Прифатен е извештајот за досегашната работа на селекторот на најдобрата репрезентацијата Бошко Ѓуровски.

УО на ФФМ ги усвои извештаите на Комисиите за мал фудбал (футсал), натпреварување, женски фудбал, извештаите за репрезентациите во женски фудбал и од координаторот за женски фудбал, извештаите на Комисиите за безбедност, судии, младински фудбал, тренери, фер плеј, извештајот од Центарот за едукација на ФФМ, извештајот на Комисијата за жалби, извештајот на Комисијата за лиценцирање и извештајот на Комисијата за натпреварувањето помеѓу репрезентации на ОФС, а воедно донесени се и пропозициите за Куп натпреварување во футсал.

 

 

Оцени ја веста

16.12.2014 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега