Одредени термините за квалификациите за завршниот турнир од кошаркарскиот Куп на Македонија

Деветте прволигаши, заедно со единствениот пријавен второлигаш Т-Баскет, од 10 до 28 јануари 2015 година ќе ги одиграат квалификациските натпревари за место на завршниот „Фајнл Фор“ турнир од 23. издание на Купот на Македонија во кошарка.

Согласно пласманот во првиот дел од сезоната 2014/15 во Првата лига (по 9 одиграни кола), одреден е и распоредот на натпревари во квалификациите. Трите најслабопласирани екипи во Првата лига, заедно со второлигашот Т-Баскет ќе треба да одиграат по две кола квалификации, додека останатите шест екипи ќе играат само едно коло квалификации, односно четвртфинале. 

Квалификациите се играат по систем дома-гости, а според пропозициите за Куп-натпреварувањето, двата натпревари се сметаат за еден во времетраење од 80 минути.

Двојки за квалификациски натпревари, 1.коло (1/8 финале):

(10.01.2015) Т-Баскет - Струмица,
(10.01.2015) Водњански Лисици - Гоце Делчев.

(14.01.2015) Струмица - Т-Баскет,
(14.01.2015) Гоце Делчев - Водњански Лисици.

Квалификациски натпревари, 2.коло (1/4 финале):

(17.01.2015) Т-Баскет/Струмица - Работнички,
(17.01.2015) Кожув - Фени Индустри,
(17.01.2015) Карпош Соколи - Куманово,
(21.01.2015) Водњански Лисици/Гоце Делчев - МЗТ Скопје Аеродром.

(24.01.2015) Работнички - Т-Баскет/Струмица,
(24.01.2015) Фени Индустри - Кожув,
(24.01.2015) Куманово - Карпош Соколи,
(28.01.2015) МЗТ Скопје Аеродром - Водњански Лисици/Гоце Делчев.

Завршниот турнир од Купот на Македонија ќе се игра на 21 и 22 февруари 2015 година, а откако ќе бидат познати четирите екипи учеснички, полуфиналните двојки ќе бидат одредени по пат на извлекување.

Трофејот од лани го брани МЗТ Скопје Аеродром. Инаку, најтрофеен во историјата е Работнички со осум  трофеи, еден повеќе од МЗТ Скопје кој има седум. Двапати купот го освојуваа Фени Индустри и Никол Ферт, додека по еден трофеј имаат и Вардар Осигурување, Деликатес Кочани и Амак СП.

 

 

Оцени ја веста

16.12.2014 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега