„Заедно за Струга“: Македонците во Струга се маргинализирани

Советниците од коалицијата „Заедно за Струга“, обвинуваат дека струшкиот градоначалник Зијадин Села продолжува со самоволието и има намера да ги маргинализира Македонците во Струга.

Тие денеска упатија покана до американскиот амбасадор во земјава Пол Волерс и евроамбасадорот Аиво Орав да дојдат во Струга за да се запознаат со проблемите со кои живеат Македонците во оваа општина.

ж-Во Струга се врши тотална мајоризација и дискриминација по етничка основа. И покрај фактот што Македонците се речиси два ипол пати повеќе од сите етнички заедници во Струга и покрај фактот што нашата коалиција има најголема советничка група во Советот на општина Струга, за жал мора да се констатира дека Македонците во Струга неможат да партиципираат во креирањето на стратегии за развој и просперитет во својот град, истакнаа советниците од „Заедно за Струга“.

Според советниците, Села ја покажал својата намера да ги маргинализира Македонците уште на почетокот од својот мандат. 

-Токму г-нот Села уште со првите потези како градоначалник покажа дека има намера да ги маргинализира Македонците во Струга. Првиот потег што овој градоначалник го направи беше разрешување на единствениот македонски раководител на јавно претпријатие во општина Струга поставувајќи човек од редовите на македонските албанци, вели советникот во Општина Струга Ѓоко Илоски.

Советниците од „Заедно за Струга“ бараат од Волерс и Орав да го искористат нивниот авторитет за да се намалат етничките тензии во општината. 

ФОТО: Курир

 

најчитано сега