За што се подготвува Русија, одржана вонредна воена вежба
Рускиот претседател Владимир Путин наредил кон почетокот на месецов да се одржи вонредна воена вежба на западот од земјата. Вежбата е реализирана од 5 до 10 декември, соопшти денес руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека вонредната вежба во која учествувале 9.000 војници и повеќе од 55 воени бродови, е спроведена за да се тестира борбената готовност на војската во Калининград, област која се граничи со членките на НАТО, Литванија и Полска.
-Во вежбата учествуваа ракетните трупи, артилерија, механизирана пешадија, воздухоплови сили, морнарица, извидничка единица, единици за комуникација и логистика, како и борбени и транспортни воени авиони, хеликоптери и бродови на Балтичката флота, соопшти Генералштабот на руската војска.
Русија одржа поголем број вонредни воени вежби откако односите со Западот одеднаш се влошија. Официјална Москва повеќе пати го критикуваше собирањето на НАТО силите во близина на руската граница.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа