ЕМОТИВНО: Војната ги разделила, по 70 години докажале дека љубовта е најсилна

 

Антонија и Џовани се заљубиле кога биле тинејџери, но Втората светска војна ги раздвоила.

 

Откако се помириле со судбината и речиси целиот живот го поминале одвоени, 7 децении подоцна овие две заљубени души повторно се пронашле благодарение на Фејсбук.

 

Во минатиот век Џовани морал да ја напушти својата Антонија и да оди во војна, при што бил заробен. Кога конечно се ослободил, не успеал да ја пронајде вереницата.

Мислејќи дека засекогаш си заминал, Антонија се омажила со друг човек со кој добила две дечиња. Џовани после извесно време исто така формирал семејство.

Антонија и Џовани кои денес имаат 89, односно 86 години, успеале да се пронајдат благодарение на Фејсбук.

И двајцата откако останале без партнерите, решиле да се испробаат со модерната технологија, но не ни очекувале дека ќе ја пронајдат заборавената љубов од младоста.

 

Парот конечно по речиси 9 децении живот го кажал судбоносното „да“ на венчавката одржана во северна Италија.

 

 

Оцени ја веста

16.12.2014 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега