Петстотини евра казна и ќе ви се одземе возилото - што и да правиш, немој само овој прекршок
Ако се најдете во ситуација да ја скршите рампата на патарина, полицијата има право трајно да ви го конфискува возилото. На ова ќе мора да платите и глоба во износ од 500 евра.
Ваквите казни ќе бидат дел од измените на Законот за јавни патишта. Доказ против вас ќе бидат снимките од камерите на патарините.
Со новите измени се овозможува заштитниот појас покрај регионалните и магистралните патишта да не биде помалку од пет метри, наместо досегашните 20.
Министерот за трнспорт и врски Миле Јанакиески објасни дека на овој начин ќе се легализираат определен број на објекти и ќе се урбанизираат определени подрачја.
Попрецизно се регулира и одобрува поставувањето на натписи, реклами, табли, и инсталации во заштитниот појас на државните патишта, како и заштитни огради и столбчиња на патиштата во општините и Град Скопје.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа