Откриена тајната за златниот "Ролекс" на Аркан

Рачниот часовник „ролекс“ вреден околу 120.000 евра, кој на Вељко Ражнатовиќ во аманет му го оставил татко му Жељко Ражнатовиќ-Аркан, веќе еднаш беше подарен но само за кратко.

Имено, Цеца своевремено го позајмила од Аркан за потребите на снимањето на спотот за песната „Иди док си млад“.

Златниот часовник направен од 18 каратно злато кој е опточен со дијаманти завршил на рацете на манекенот Џорџо Дувњак, кој глумел секси дрвосечач кој и го крши срцето на Цеца во екранизацијата на таа песна.

svetlana-raznatovic-veljko-raznatovic-arkan-sat-1418502162-598717

Спотот на Иди док си млад е направен пред 19 и во него прв пат една спрпска фолкерка се вози во луксузна лимузина „ролс-ројс“.

- Ваков „ролекс“ може да се добие само по нарачка. Се проценува дека вреди околу 120.000 евра. Неговите сопственици добиваат со часовникот и посебен пасош како своевиден сопственички лист кој им служи кога го пренесуваат од една земја во друга – вели извор за српски „Курир“.

 

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега