ВИДЕО: Пронајдена жената што снимила порно во црква

 

Свештеникот Бернард Пауер кренал паника откако еден член на парохијата во Хоршинг во Австрија, му кажал дека во внатрешноста на црквата било снимено видео кое кружи на интернет. За локалните медиуми изјавил дека случајот го пријавил во полицијата, која веднаш започнала истрага поради навреда кон религиското чувство и сквернавење на црквата.

Имено, во видеото снимено во црквата се гледа жена која ја откопчува својата блуза и потоа ги милува градите. Но, нејзината глава не се гледа, пишува Daily Star.

Поради тој факт полицијата не успеала веднаш да го утврди нејзиниот идентитет, но откако фотографиите биле прикажани во локалните медиуми, заедно со повикот да се јават оние кои имаат информации инцидентот, добиле траг кој им овозможил да ја пронајдат и уапсат 29-годишната жена. За време на испрашувањето, таа ја признала својата вина.

Истражителите утврдиле дека под името "Бабси" таа и порано објавувала слични видеа на интернет. Името на жената не го објавиле, но се знае дека таа е родена во Полска, но како мала се преселила во Австрија со своите родители.

Жената поради своите постапки била осудена на три месеци условна затворска казна, а кога на суд ја прашале што ја мотивирало да ја одбере црквата за сет порно филмови, таа одговорила дека "доколку погледнат што прават другите луѓе, ќе сфатат дека таа е всушност ангел", пишува Mirror.

"Да бидам искрена, мислам дека целава работа е целосно нечовечна", рекла таа надвор од судот и додала дека не знаела дека тоа што го прави е незаконско.

"Но, горда сум на фактот што целата земја го гледала видеото, а тоа е бидејќи сум премногу добра", порачала таа. Исто така, таа му се извинила и на свештеникот.

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега