Тој ги запали социјалните мрежи: Бане Мојиќевиќ како Дино Мерлин
Во вчерашното шоу „Твоето лице звучи познато“ хит на вечерта дефинитивно беше Бане Мојиќевиќ кој буквално го симна Дино Мерлин со извонредна имитација.
Во дилема сме дали шминката беше подобра, стајлингот или пеењето, но сепак Бане беше морален победник на вечерта.
Социјалните мрежи веднаш по неговиот настап се запалија со написи посветени на него, фалејќи го.
И жирито го имаше истиот впечаток, па Бранко Ѓуриќ Ѓуро прокоментира:
– Ти навистина не си нормален, имаше фантастична имитација на Дино Мерлин. Секое движење, секој глас, секој звук, сѐ беше на свое место. Останав без зборови.
Неговиот настап можете да го погледнете тука.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа