Сопругот ми го плаќа луксузниот живот- се отвори Дара Бубамара

 

Познатата пејачка Дара Бубамара вели дека благодарение на нејзиниот сопруг, целосната нејзина заработка ја вложува во кариерата и така опстанува на естрадата.

 

- Признавам дека во мои години е вистински терор пред публиката да бидам беспрекорна, негувана, дотерана, секогаш поинаква и млада. Мора да се вложува во себе и да се вежба. Давам цело богатство на тоа, бидејќи сѐ е инвестирање во кариерата. Трошам 120% од заработката, па можам да кажам дека ги трошам и парите на Милан. А фала му на Господ и добро заработува, вели Дара Бубамара.

 

Дара вели дека за статусот на ѕвезда, пејачите работат макотрпно и никогаш јавно не смеат да ја покажат другата страна на својот занает.

- Луѓето ме гледаат дотерана и нашминкана, а не знаат дека можеби пред половина час сум била преморена, затоа што на тезга патувам со комбето 12 часа. Мојот живот пред нив е луксузен, бидеќи сѐ вложувам во кариерата, купувам скапи фустани, чевли, јадам во скапи ресторани за да го одржам статусот на ѕвезда, вели таа, откривајќи дека тоа е единствениот начин на кој таа сака да се презентира.

И покрај тоа што може да си го дозволи тоа за што најголемиот дел од Србите можат само да сонуваат, таа се жали на финансиската криза на својата работа. Но, тврди дека не постигнала колку некои нејзини колеги.

 

- Да не се лажеме, се чувствува голема криза на естрадата бидејќи порано по 50 пејачи сме се сретнувале на аеродром, додека сега само 10 работиме. Моите кафани се преполни каде и да работам. Единствено мерило е да имаш хитови и да вложуваш, открива Дара.

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега