ВИДЕО: Инциденти на фудбалски меч во Аргентина - еден загинат

На мечот помеѓу Естудијантес и Ланус од аргентинското првенство имаше инциденти во кои настрада еден навивач

Несреќното момче настрада од убод од нож во инцидентот помеѓу полицијата и хулиганите непосредно пред почетокот на мечот во Ла Плата.

Откако бил известен дека еден навивач загинал, главниот судија одлучил да го прекине мечот и тоа на полувремето при водство на Естудијантес од 2:0.

Медиумите пренесуваат дека суспендирани се тројца полицајци кои се под истрага токму поради загинувањето на навивачот.

 

најчитано сега