Високи казни: Ако ве фатат како пукате петарди казна до 500 евра - ако вашите деца пукаат ќе платите 800 евра

"Купувањето и активирањето на петарди или пиротехнички средства на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради, претставува законски прекршок за кој е предвидена глоба од 200 до 500 евра. Доколку се набавуваат и дистрибуираат на пазарот, тоа претставува кривично дело за кое е предвидена парична или казна затвор до 3 години, а родителите на малолетниците што не навршиле 14 години ќе мора да платат од 600 до 800 евра, доколку нивните деца пукаат петарди"-велат од секторот за превенција.

petardi

Секоја Нова година и околу празниците, на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и на Ургентниот центар, по десетина деца завршуваат со повреди на рацете и лицето предизвикани од неправилна употреба на пиротехнички средства.

Повредите на рацете и на лицето предизвикани од петарди или огнено оружје се чести во овој период на годината. Изгореници, контузии па дури и ампутации.

Освен тоа од петардите може да ја обоите кожата во зелено – и со месеци да не можете да ја опоравите? Имено доколку во петардите има флуоресцентни честички за да се добие подобар ефект при експлозијата - тие честички навлегуваат под кожата и ја бојат, таа станува зелена. многу е тешко целосно да ги извадите тие честички, бидејќи се како црни иглички.

Инаку освен што можете да останете инвалид пукањето петарди може да ве удри и по џебот.

"Купувањето и активирањето на петарди или пиротехнички средства на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради, претставува законски прекршок за кој е предвидена глоба од 200 до 500 евра. Доколку се набавуваат и дистрибуираат на пазарот, тоа претставува кривично дело за кое е предвидена парична или казна затвор до 3 години, а родителите на малолетниците што не навршиле 14 години ќе мора да платат од 600 до 800 евра, доколку нивните деца пукаат петарди"-велат од секторот за превенција.

Петардите и натаму се најприсутни на зелените пазари, а се повеќе се продаваат и во близина на училиштата, бидејќи токму децата се најредовни купувачи. Инаку, во Македонија увозот на пиротехнички материјали е забранет, што значи дека ниту едно физичко лице не смее да внесе распрскувачки материјали.

Продажбата на петарди е нелегална, токму поради тоа и нема контрола од каде доаѓаат, колку се стари, дали се исправни или пак ќе ви експлодираат во рака.

Согласно статистиката, секоја година од употеба на петарди и други пиротехнички средства, во светот 150 000 лица остануваат трајни инвалиди. 80% од нив се деца, а 4 од 10 повредени деца се на возраст под 15 години.

 

 

Оцени ја веста

14.12.2014 - 22:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа