Скопје дел од иницијативата „Со фудбалот паметиме“

 

Фудбалски натпревари меѓу ученици, како и помеѓу претставници од дипломатските и меѓународните мисии со претставници на министерствата за надворешни работи и за одбрана и Армијата на Република Македонија ќе се одржат денеска во Скопје како дел од иницијативата „Со фудбалот паметиме“. 

Настанот го организира Британската и Германската амбасада во Македонија, во соработка со Британскиот совет, ФК Работнички и „Опен фан“ фудбалските школи.

Иницијативата „Со фудбалот паметиме“ е организирана во Велика Британија од страна на Британскиот совет, во соработка со Британската фудбалска асоцијација, Фудбалската лига и Премиер лигата со цел да се вклучат училиштата, фудбалските клубови и школи, навивачи и млади историчари во масовен настан за одбележување на божиќното примирје од 1914 година. Станува збор за серија од неформални прекини на огнот кои се случиле на западниот фронт во периодот околу Божиќ, за време на Првата светска војна. 

 

 

Оцени ја веста

14.12.2014 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега