НетПрес: “Режимот“ го финансира семејството Героски

 

Опозициските пера, кои ја користат секоја можност да ја оцрнат власта како фашистичка и недемократка, сепак, одат против своите принципи (ако воопшто ги имаат), и немаат ништо против кога овој „режим“ финансира нешто што е нивни личен интерес, пишува НетПрес.

gero-650x396

Имено, раководителот на опозицискиот портал „Плусинфо“ и главен уредник на СДСМ-овското гласило „Слободен печат“, Бранко Героски, за кого оваа власт треба да падне по секоја цена, веројатно за првпат е на иста бранова дожина со Министертсвото за култура, кое го спонзорира издавањето на книгата на неговиот син, Костадин Героски.

За оваа цел, авторот од „фашистичкото“ министерство добил143.000 денари. Но, кога станува збор за пари, очигледно кај најгласниот опозициски новинар сите врати се отворени, пишува порталот.

Информација за промоција на романот „Смртта на уметноста“ на Костадин Героски, што ќе се случи утре во 20 часот во киното „Фросина“ во Скопје, ја објави порталот „Плусинфо“, а на крајот од текстот се споменува дека издавањето на книгата е финансиски помогнато од Министерството за култура.

Не навлегувајќи во вредноста на ова уметничко дело, за што  без сомнение веројатно има подлога штом добива пари од државно министерство, се поставува прашањето како толку брзо Героски ги погазува сите досега изнесени ставови околу криминалот што наводно го правело ова министерство, особено со проектот „Скопје 2014“, а сега, кога неговиот син добива пари оттаму, се е добро и беспрекорно, и се разбира, парите се дадени на вистинскиот автор?

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 21:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега