Дачиќ запеа на роденденот на Вељко

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, повторно покажа дека е голем мераклија за пеење.

Дачиќ во неколку наврати, некогаш дури и пред ЕУ-претставници, ја изведуваше „Миљацка“, неодамна, пак, му запеа на албанскиот премиер Еди Рама- „О сол мио“.

Во чест на 18 роденден на Вељко, синот на Светлана Цеца и Жељко Ражнатовиќ- Аркан, во придружба на српската пејачка Весна Змијанац, ја запеа „Кад замиришу јорговани“.

- Беше супер. Како што знаат сите, Цеца и јас сме пријатели од мали нозе и секогаш си одиме еден кај друг на разни прослави. Кога го гледам Вељко, сфаќам колку времето брзо поминува, изјавил Дачиќ за српските медиуми.

 

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега