Уметничките дела на 70 средношколски тимови ќе бидат претставени во Универзална сала
Во Универзална сала утре во 19:30 часот, ќе се одржи завршниот перформанс на Мултимедијалниот проект „Ние сме најдобри 2014- Сите во акција за безбедни училишта“ во организација на Градот Скопје, Универзалната Сала- Скопје и Центарот за креативен развој, поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Во Универзална сала, средношколците ќе се претстават и натпреваруваат во пријавените категории- музика, театар, мода, танц, филм и фотографија, односно годинава 70 средношколски тимови од 15 скопски средни училишта подготвија свои уметнички дела со помош на своите професор- ментор, координатори и ќе ги престават пред публиката.
Средношколците-учесници имаа задача да креираат уметнички дела кои се инспирирани од културата на НЕНАСИЛИЕТО и здравата и чиста околина.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа