Се огласија од ИВЗ: Ќе го разрешиме оџата ако се докаже дека е виновен
Исламската верска заедница ќе го разреши велешкиот оџа кој е во притвор оти превезувал илегалци, вели Реисот ул Улема, Ефенди Реџепи. Сепак ќе почека да заврши судењето против Несим Демири бидејќи сепак остава простор дека можеби не е виновен за кривичното дело за кое се товари, пренесе Телма.
На велешкиот оџа Несим Демири му е одреден осумдневен притвор, откако полицијата го фати како превезува 4 ца илегалци од Сирија. Кај Демир Капија полициска контрола го запрела возилото „Мерцедес вито“ кое го возел оџата, а во кое се наоѓале мигрантите. Откако утврдиле дека се работи за странски државјани кои илегално влегле во земјава, ги предала на надлежното одделение Југ, додека против оџата поднесе кривична пријава за криумчарење.
Меѓу велешани е познат по неколку афери, а исто така се сомневаа дека школувањето во Саудиска Арабија му влијаело да шири радикален ислам меѓу верниците.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа